Наставен Кадар


НАСТАВНИЦИ

Воспитно - образовната дејност во училиштето ја остваруваат 47 наставници. Образовната структура на кадарот одговара на законските и програмските барања по наставни предмети. Во одделенска настава, наставата ја изведуваат 19 одделенски наставници од кои еден наставник изведува настава во подрачното училиште во една комбинирана паралелка. Во реализацијата на наставата се вклучени и двајца предметни наставници по англиски јазик, а во петто одделение деветгодишно образование наставата ја изведуваат предметни наставници по природни науки, техничко образование и англиски јазик. Во предметна настава сите наставни предмети се застапени според наставниот план и програма и се реализира од 25 наставници. Овие наставници ги реализираат сите задолжителни и изборни предмети во училиштето. Во училиштето работи и дневен престој со три наставници.       
Наставниците континуирано ги следат сите промени во воспитно образовната работа, преку посета на семинари и самостојно усовршување, на тој начин збогатувајќи го своето професионално знаење и квалитетот на воспитно образовната работа.