За Нас


  • Знаењето, образованието, трудот, успехот се патот кон иднината.
  • Нашата иднина се учениците, младите жители на населеното место Ченто.
  • Со цел обезбедување на настава и учење кои би ги оспособиле учениците за живот во 21-от век направени се голем број на реформи во воспитно образовниот систем во Република Македонија во последните неколку години. Сите тие имаат за цел подобрување на квалитетот на наставата преку создавање на услови за активно учество на ученикот во истата, напредување според сопствените можности и развивање на знаења, вештини и ставови потребни за живеење во свет кој постојано се менува.
  • Нашето училиште редовно ги следи сите реформи и настојува да одржи чекор со истите со крајна цел - реализација на настава која ќе одговори на сите предизвици на 21-от век и ќе продуцира ученици со квалитетни знаења, вештини и способности.
  • Поаѓајќи од ова, нашето училиште изработува Годишна програма во чиј удел имаат директорот, наставниците и стручните соработници од училиштето, како индивидуалци или училишни тимови.
  • Годишната програма за работа на ООУ „Крсте Мисирков” - Скопје претставува оперативен план за работа со кој е програмирана целокупната работа во училиштето, кој не води при реализација на планираните глобални активности, ефикасно следење на сите чинители на воспитно - образовниот процес, ги предвидува сите форми и начини на работа овозможени од условите во кои работи училиштето: материјално - технички, кадровски, финансиски и други услови во пошироката заедница каде егзистира училиштето.