Мисија и Визија


МИСИЈА
“Современо училиште кое континуирано создава пријатна училишна клима и ученици со високи морални вредности, вештини и знаења, развиена толеранција и еколошка свест и вложува во професионалниот развој на наставниот кадар, во меѓусебната и соработката со родителите”
ВИЗИЈА
“Нашите стратешки цели за наредниот период се:
Нова училишна зграда;
Високо професионален кадар;
Вклученост на родителите, локалната заедница и бизнис секторот во училишниот живот;
Ученици кои ќе ги издигнат и промовираат своите вештини и знаења;
Генерации со високоразвиена еколошка свест;
Идни успешни граѓани кои ќе ги почитуваат другите и ќе развиваат меѓуетничка толеранција и високи морални вредности.”
МОТО
„Здрави навики - светла иднина.“
“LESSONS LEARNED”- ВЕЌЕ НАУЧЕНО / СТЕКНАТИ ИСКУСТВА
Училиштето успешно ја организира средината за учење со поставување јасни и високи очекувања во однос на постигањата, редовноста и дисциплината на учениците. Учениците имаат можности (согласно со своите споспобности и интереси) да ги изразат своите кративни потенцијали во наставата и во воннаставните активности. Училиштето дава можност учениците без разлика на пол, социјална и национална припадност, да партиципираат во меѓуетничка интеграција во образованието, ЕКО-проектот, со пoдготовка и реализација на различни работилници во кои се вклучени наставниците,учениците и родителите.Училиштето води политика на позитивно вреднување и промовирање на етничката,културната,верската и јазичната разноликост во училиштето и заедницата.
Навремено се идентификуваат потребите од материјално - технички средства и континуирано се обезбедуваат истите. Постојните нагледни средства и опрема се во функција и оптимално се користат. Училиштето планира и обезбедува средства за нивно континуирано одржување. Континуирано се интервенира и се обезбедуваат средства за подобрување на инфраструктурата на училиштето. Училиштето има воспоставено соработка со локалната самоуправа и заедницата во однос на подобрувањето на инфраструктурата.