Европски ден на Јазиците 2016 - 1


На  30 септември 2016 година во ОOУ” Крсте Мисирков” - Скопје се одржа манифестација по повод Европскиот ден на Јазиците. Манифестацијата се одржа во училишниот хол каде беа поставени паноа на англиски, македонски и француски јазик на кои гостите имаа можност да ја погледнат богатата културна традиција на јазиците од наведените земји. Училиштето беше претставено и преку презентација на паноата од страна на учениците. Се спроведе и работилница во училишниот хор каде учениците твореа знаменитости и културни обележја на од македонско, англиско и француско подрачје.

Манифестацијата беше збогатена со музичките изведби на учениците Мила Бошковиќ од III и Ѓорѓи Придаенкоски од IV одделение на англиски јазик.