Светски ден на здрава храна 2018


Саем на здрава храна одржан под мотото „ЗДРАВИ НАВИКИ – СВЕТЛА ИДНИНА“

По повод „16 ОКТОМВРИ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВА ХРАНА“, ООУ КРСТЕ МИСИРКОВ реализира серија активности.

Првата активност беше посета на деновите на медот одржана на 12.10.2018.

Втората активност се спроведе на 15.10.2018 каде учениците твореа и изготвија презентација и одржаа предавање за здрава храна на своите другарчиња од прво одделение – дневен престој.

Заклучна активност беше отворен ден – Саем на здрава храна со родители и ученици на ден 16.10.2018 во периодот од 12:00 до 13:00 часот.

Беа поставени штандови со здрава храна која потекнува од Р. Македонија а паноата соодветно исполнети со видови храна кои се карактеристични за различни предели.

Секое одделение имаше своја задача што да подготви за активноста. Имено:

I одд. - грозје
II одд. - лешници, ореви
III одд. - зачини  
IV одд. - пченка, сончоглед, семки, пуканки, леблебија
V одд. - слатко, мармалад, компот
VI одд. - чаеви
VII одд. - сокови цедени
VIII одд. - сендвичи
IХ одд. – тиква.

На штандовите покрај здравата храна доминираше и креативноста на нашите ученици.

Поминавме еден прекрасен ден – самите изработивме, поделивме, изложивме, и научивме дека нашата земја изобилува со богатство на здрава храна.