Ден на Јазиците 2017 - 2


На  26 септември 2017 година во ОOУ” Крсте Мисирков” - Скопје се одржа манифестација по повод Европскиот Ден на Јазиците. Манифестацијата се одржа во училишниот хол каде беа поставени паноа на англиски, македонски и француски јазик на кои гостите имаа можност да ја погледнат богатата културна традиција на јазиците од наведените земји. Културните обележја беa претставени и преку презентација на паноата од страна на учениците. Се спроведе и работилница во училишниот хол каде учениците твореа знаменитости и културни обележја од македонско, англиско и француско подрачје. Учениците Дамјан Митревски и Викторија Поповска изработуваа ликовни творби на кои ги претставија Big Ben и Ајфеловата кула.

Манифестацијата беше збогатена со ритмички точки на учениците  од IV и Vто одделение на англиски јазик, проследени во музичка интерпретација на учениците Мила Бошковиќ и Ѓорѓи Придаенкоски.